(ФОТО) Селин Дион издала итно предупредување: Со години се борела со болеста, а сега и се случува ова


Тимот на Селин Дион се огласил на социјалните мрежи за да упати силно предупредување до обожавателите, а се однесува на растечкиот проблем на содржината генерирана од вештачка интелигенција во која се појавува пејачката.
Различни дигитални креации кружат на интернет, некои го имитираат нејзиниот глас или музички изведби, па дури и тврдат дека новите изданија се под нејзиното име, пренесува Miror..
Селин (56) нема издадено нова песна од 2019 година, откако се повлече од очите на јавноста поради дијагноза на синдром на вкочанета личност.
– Свесни сме дека неовластени траки генерирани со вештачка интелигенција, лажно припишани на Селин Дион, се споделуваат на интернет и се дистрибуираат низ различни платформи. Сакаме да разјасниме дека овие снимки не се автентични и не се дел од нејзината официјална музичка колекција.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)


Додека се справуваше со нејзините здравствени предизвици, Селин се фокусираше на закрепнувањето, одвојувајќи време да ја врати силата пред да планира нови музички изданија или да се врати на концертите.
Говорејќи за Vogue, Селин го сподели своето искуство кога првпат ги забележа симптомите на нејзината болест додека беше на турнеја во 2008 година.
– Забележав проблеми со гласовната контрола.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

И покрај темелните прегледи, лекарите не можеле да откријат никакви проблеми со нејзините гласни жици. Кога конечно добила дијагноза, Селин почувствувала изненадувачко чувство на олеснување.
– Можеби звучи чудно, но кога добив дијагноза, почувствував олеснување. Тоа значеше дека конечно можам да престанам да се борам со болеста и да почнам да работам со неа. Беше тежок товар, но сега кога е отворен, можам да се фокусирам на мојата реалност и тоа беше толку ослободувачко. Среќата ми се врати.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

37 издание на Саем на книга во Скопје: Негување на книжевната култура и љубовта кон книгите

Убавината на книгите е во тоа што тие не разликуваат возрасти, родови, ниту граници – …