(ФОТО) „Се запознавме на една ЗАБАВА, но не можам да зборувам за детали“: ПРИЈАТЕЛСТВОТО на Новак Ѓоковиќ и Паф Диди под лупа по апсењето на промискуитетниот рапер


Новак Ѓоковиќ се најде во незавидна ситуација откако неговото пријателство со Шон Диди Комбс, попознат како Паф Диди, се најде под лупа по апсењето на контроверзниот рапер.
Дека Новак Ѓоковиќ и Паф Диди се пријатели дознавме кога американскиот рапер дојде на УС Опен во 2011 година за да му даде поддршка на српскиот тенисер во неговиот меч против Роџер Федерер.
Ѓоковиќ, во тоа време четирикратен Грен слем шампион, сакаше да ја освои својата прва титула на УС Опен таа година, што на крајот и успеа.


На Твитер, Новак му се заблагодари на Диди за поддршката и додаде дека неговиот тим мисли дека раперот е „кул“.
„Благодарам за поддршката во сабота на УС Опен! Целиот тим мисли дека си многу кул“, напишал тогаш Ѓоковиќ.


Фотографиите на раперот во ложата на Ѓоковиќ ги преплавија социјалните мрежи кога се појави веста за апсењето на Диди.
Потсетуваме дека федералните агенти му ја одзедоа слободата по сериозните обвинувања за сексуална злоупотреба и трговија со луѓе.
По неговото апсење, обожавателите го потсетија Ѓоковиќ на твитот од пред 13 години и му предложија веднаш да го избрише.

По полуфиналниот натпревар на УС Опен во 2011 година, Ѓоковиќ на прес-конференција потврди дека се познавал со Диди од порано.
„Па, беше одлично што го имав таму (во боксот, за. на нов). Се запознавме на забава, но не можам да зборувам за детали. Беше забавно. Тој очигледно е огромна ѕвезда во шоу-бизнисот, успешен е и има јак карактер. Мислам дека начинот на кој ме поддржа беше многу интересен“, рекол Новак на конференцијата.

Обожавателите го критикуваа Ѓоковиќ дека одржува контакт со контроверзни луѓе, бидејќи тој го следи и Ендрју Тејт, докажан промотор на мизогински ставови.

Фото: Монтажа/Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

РОМАН СИМОВИЌ: Голема чест е што преку музика ќе им помогнеме на семејствата од Кочани

Светски познатиот виолинист Роман Симовиќ, концерт-мајстор на Лондонскиот симфониски оркестар, утревечер ќе настапи заедно со …