(ФОТО) Се сеќавате ли на серијата „Инспектор Рекс“: Вака сега изгледа ѕвездата на серијата

Австрискиот актер Тобијас Морети на нашите простори е познат по улогата во култната криминалистичка серија „Инспектор Рекс“, во која четири години го глумеше детективот Ричард Мозер.
Како прв сопственик на познатиот германски овчар, Морети освои најмногу симпатии кај публиката, а серијата ја напушти затоа што сакаше да работи на нови ангажмани. Тоа се покажа како лоша одлука, бидејќи ниту една од неговите подоцнежни улоги не успеа да ја надмине онаа на детективот Мозер.
Морети завршил студии за композиција на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена, а земал часови по глума во школата Ото Фалкенберг во Минхен.


Од 1997 година е во среќен брак со обоистката Јулија и имаат три деца. Покрај актерството и музиката, тој и неговата сопруга водат семејна фарма во Инсбрук, каде што одгледуваат стока за месо и произведуваат органски производи.
Како изгледа Тобијас Морети денес и колку се промени откако го гледавме како Ричард Мозер.
Серијата „Инспектор Рекс“ првпат се емитуваше пред 30 години, а ги освои срцата и на возрасните и на децата поради главниот лик на кој ретко кој останува имун.

Фoтo: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кога започнува ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТП? Наскоро ги менуваме часовниците!

Ноќта меѓу сабота и недела, на 30 март 2025 година, ќе започне летното сметање на …