(ФОТО) СЕ ПРИСЕТИЛА НА МИНАТОТО – Шерон Стоун го загубила старателството над синот поради улогата во „Ниски страсти“, филмот и го уништил животот

Шерон Стоун се прослави по улогата во филмот „Ниски страсти“, а улогата на фаталната русокоса ја чинело старателство над синот.
Меѓутоа, покрај улогата која и донесе слава, таа и го одзела домот, а како што опишала актерката, „Ниски страсти“ и го уништило семејството.
Актерката гостувала во една емисија и зборувала за еротскиот трилер, кој за своето време бил доста ризичен, а станал толку озлогласен што актерката го изгубила старателството над синот повеќе од 10 години по објавувањето.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)


„Го изгубив старателството над моето дете. Судијата го праша моето дете, моето мало и малечко момче: ‘Дали знаеш дека мајка ти снима секс филмови?’“, рекла таа.
Стоун се омажи со истражувачкиот новинар Фил Бронштајн во 1998 година и го посвои нивниот син Роан во 2000 година.
Сепак, тој поднел барање за развод во 2003 година, што ја натерало актерката да побара целосно старателство – за да и биде одбиено во 2004 година, сега вели таа, поради популарниот филм.
„Ми го скрши срцето“, изјавила актерката.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) 66-годишна актерка – Енди Мекдауел открила дека и е дијагностицирано ретко пореметување: „Мислев дека ќе вградам колк“

Актерката Енди Мекдауел вчера открила дека и е дијагностициран синдромот пириформис, ретко пореметување кое предизвикува …