Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ проговори по поразот од германскиот тенисер Александар Зверев во полуфиналето на Австралија Опен.
„Се обидов да се опоравам за натпреварот, но истуркав само до сега. Сепак, ќе понесам позитивни работи од овогодинешниот Австралија Опен. Ви благодарам Tennis Australia за пречекот на мојот тим, семејството и мене на прекрасен начин како и секогаш. Честитки за Саша за уште едно Грен слем финале. Сакам да го освоиш турнирот затоа што тоа го заслужуваш пријателе“, напиша Ѓоковиќ на социјалната мрежа „Инстаграм“.
View this post on Instagram
За причините за повлекувањето на Ѓоковиќ од турнирот објави и Австралија опен на нивниот профил на Инстаграм.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram