Платформата TripAdvisor неодамна ги прогласи најдобрите плажи во светот за оваа година, а плажата Елафониси беше прва на листата.
Овој мал остров кој се наоѓа во близина на југозападниот брег на Крит е посебен по своето кристално чисто море и уникатниот песок со примеси на розова боја. Овој феномен доаѓа од ситни остатоци од школки, кои овозможуваат нереален поглед на плажата Елафониси.
До плажата се стигнува на необичен начин, пеш низ плиткото море. Имено, водата меѓу Крит и Елафониси е толку плитка што на повеќето посетители само им се навлажнуваат стапалата додека уживаат на преминувањето до островот покриен со бел песок.
View this post on Instagram
Иако песокот е препознатлив по розовите нијанси, тие варираат во зависност од временските услови и количината на школки. Затоа на туристите им се советува да не очекуваат претерано интензивни бои, туку да уживаат во променливата природна убавина.
Исто така, се препорачува да ја посетите плажата рано наутро за да избегнете гужви и да го обезбедите вашето место, или навечер кога зајдисонцето е особено спектакуларно.
View this post on Instagram
Плажата Миртос на Кефалонија е исто така на листата на најубави плажи, рангирана на десеттото место. Оваа плажа е позната по својот уникатен пејсаж, опкружен со планини и пространост што нуди мир и тишина дури и во екот на сезоната.
По плажата Елафониси, следните плажи кои се сметаат за најубави се плажата Банана во Тајланд, плажата Орел во Аруба, плажата Сиеста во Флорида, потоа Праја де Фалесија во Португалија, Варадеро во Куба, Баваро во Доминиканската Република, Плаја де Муро во Шпанија, плажата Келингкинг во Индонезија и плажата Миртос во Грција.
Фото: Принтскрин/Instagram