Турција рано утринава ја погоди силен земјотрес со јачина од 7,8 степени. Бројни турски ѕвезди по повод оваа прилика се огласија на социјалните мрежи и понудија поддршка на сите на кои им е потребна.
Актерката Седа Бакан, позната по улогата во турскиот филм „Behzat Ç“, им се обрати на своите следбеници преку Инстаграм:
View this post on Instagram
„Се разбудивме со многу лоши вести. На сите им посакувам брзо закрепнување.
Актерот Бурак Озџивит, најпознат по улогата на Бали бег во серијата „Сулејман Величествениот“, напиша:
„Посакувам брзо закрепнување на мојата Турција. Го молиме Бога за милост за нашето население кое ги загуби животите во оваа катастрофа. Моето сочувство до нивните семејства и најблиските, а на повредените им посакувам брзо закрепнување“.
Се огласи и Туба Бујукустун од серијата „Ќерката на амбасадорот“.
View this post on Instagram
„Турција прогласи состојба на тревога на ниво четири. ‘Ниво четири’ вклучува повик за меѓународна помош. На оние ширум светот кои ја читаат оваа порака… Нашиот народ, кој се најде под урнатините на земјотресот во мојата земја, бараат ваша помош за да се спасат“, напиша Туба.
„Се разбудив со страшен земјотрес. На сите им посакувам брзо закрепнување. Каква катастрофа на овој студ“, вели Демет Оздемир, Санем од „Сонувачка“.
На следбениците им се обрати и актерката Елчин Сангу.
View this post on Instagram
-Длабоко сме тажни поради земјотресот што се случи во нашата земја. Се молиме за оние кои ги загубија животите и им посакуваме брзо закрепнување на повредените – напиша актерката.
Фото: Instagram