(ФОТО) „Сè е во пепел“ – Мел Гибсон го загубил домот во пожар, па го критикувал гувернерот: „Ги потроши нашите пари на гел за коса“

Куќата на Мел Гибсон изгорела до темел во пожарот кој веќе неколку дена беснее во Лос Анџелес. Актерот, меѓу другото, го критикуваше гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом.
Тој рекол дека му се слошило кога бил во Тексас на снимањето на „The Joe Rogan Experience“, бидејќи знаел дека областа во која живеел е во пламен.
„Тоа е поразително и емотивно. Се ослободив од товарот на нештата бидејќи сè е во пепел“, рекол тој.


Тој изјавил дека овде живеел повеќе од 15 години и дека домовите ги загубиле и многу негови колеги, меѓу кои и актерот Ед Харис. Тој рекол и дека гувернерот ветил дека ќе се грижи за шумите, но на крајот не направил ништо.
„Мислам дека сите наши даночни пари веројатно беа потрошени на гелот за коса на Гевин“, рекол Мел Гибсон.


Би-би-си јави дека загинале најмалку 10 луѓе. Неколку десетици илјади жители беа евакуирани.

Фото: Принтскрин/Pagesix


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Деновиве излезе од печат дебитантскиот роман „Неочекувано“ на авторката Ана Мовска

„Неочекувано“ од Ана Мовска – роман за сино-зелените алги на Марс и во Дојранското Езеро. …