(ФОТО) Сами ја реновирале кујната и заштедиле илјадници евра: Парот ги искористил овие трикови и го добил катчето од соништата

Реновирањето на кујна е навистина голем трошок, а доколку решите се да направите сами, како овој пар, ќе заштедите илјадници евра.
Реновирањето на кујна бара многу финансиски вложувања, но еден пар од Англија нашол решение како да направи целосна трансформација на кујната и тоа за малку пари. Џес и Конор го купиле својот прв дом, но бидејќи не бил во одлична форма, требало да се реновира. Првото нешто со кое почнале била кујната.
Старата кујна им изгледала ладна и досадна, а кога побарале од мајсторот да процени колку ќе чини да ја реновира, сфатиле дека не можат да си го дозволат тоа. Мајсторот им побарал 17.000 евра.
„Не планиравме сами да ја реконструираме кујната, но не можевме да си дозволиме толку голем трошок за толку мал простор. Наместо тоа, решивме да погледнеме упатства за реновирање домови на социјалните мрежи и YouTube“, изјавил сопственикот на куќата за „Jam Press“.

Гледале многу видеа и прочитале толку многу совети што биле сигурни дека можат сами да се справат со овој проект.


„Мислам дека направивме голема трансформација на кујната, но она што направи најголема разлика беше всушност најмалку скапото“, признава парот, мислејќи на менувањето на кујнските кабинети.
Наместо да купат нов мебел, решиле да го обојат постоечкиот. Во старата кујна доминирала белата боја со застарени сребрени детали. Тие одлучиле кабинетите да ги обојат во темно зелена боја и додале нови, златни рачки. Поради оваа мала и евтина промена, тие добиле неверојатна промена на целиот простор.
Наместо сиви плочки, тие се одлучиле за дрвен под, а за тоа морале да одвојат малку повеќе пари, дури 1.700 евра. Во продавница за половни производи купиле нов фрижидер, а чинел само 490 евра. Дополнително, тие ги смениле работните површини и мијалникот и избрале златна славина за да одговара на остатокот од просторот. За нивниот проект потрошиле многу помалку од цифрата што ја побарал мајсторот и добиле совршен изглед.

Погледнете како изгледала кујната претходно:


 

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Лузна на носталгија – Балканците ја споделија фотографијата на Меланија Трамп поради еден детал: „Печат на Југославија“

Балканците на социјалните мрежи споделуваат фотографија од инаугуративниот бал, на која се гледа како Меланија …