Мексиканско-американската актерка Салма Хаек и на 58 години важи за една од најубавите жени на светот, а на неодамнешните фотографии од одморот покажала дека не се плаши од стареењето гордо истакнувајќи го своето лице без шминка и седите влакна во црната коса.
Хаек на својот Инстаграм сподели фотографии кои ја доловуваат атмосферата од одморот, во кои се вклучени и голем број изданија во кои таа позира без шминка.
Салма, исто така, може да се види како гордо ги покажува своите сиви прамени кои се спојуваат со нејзината природно темно костенлива коса.
Актерката на фотографиите може да се види и во костим за капење кој ги истакнал облините кои со децении ја прават препознатлива во Холивуд.
View this post on Instagram
Иако со гордост ги носи своите години, Хаек неодамна открила дека подлегнала на козметичка процедура за подмладување.
Тоа е ултразвучна процедура за подигнување на кожата и зголемување на колагенот.
„Сакав мојот сопруг да каже ‘Вау’ кога ќе ме погледне. Сакам да се чувствувам добро со мојот изглед, но не мора да изгледам како да сум во 20-тите години“, рекла таа.
Таа, исто така, нагласилс дека е повозбудена што е во педесеттите: „Тоа е поинаква убавина“, изјавила таа во интервју за магазинот People.
Фото: Принтскрин/Instagram