(ФОТО) Руската телевизија објавила ГОЛИ СЛИКИ НА МЕЛАНИЈА ТРАМП.Водителите не можеле да ја „тргнат“ насмевката од лицето: Вака на Доналд му ја честитале победата

На руската државна телевизија биле емитувани разголени фотографии од Меланија Трамп како дел од „честитањето“ по повод реизборот на нејзиниот сопруг Доналд Трамп за претседател на Соединетите Американски Држави.
Водителите на програмата, сопружниците Евгениј Попов и Олга Скабеева, зборувале за „враќањето“ на Доналд Трамп во Белата куќа, додека на екранот биле прикажани фотографии од манекенските денови на Меланија Трамп, вклучувајќи ги и оние од познатата насловна страница на магазинот GQ во 2000 година.
Скабеева со насмевка не го криела воодушевувањето.


– Сега кога конечно победи сопругот на Меланија Трамп, таа се подготвува да се врати во Белата куќа по втор пат. Вака изгледала Меланија во 2000 година. Ова е насловната страница на магазинот GQ. Идната прва дама лежи на крзно, во неглиже. Внатре има секси фотографии од Меланија покрај и во приватниот авион. На една од фотографиите манекенката е во долна облека, лежи на син тепих со американски печат, како уредниците на магазинот веќе да знаеле што ќе се случи со нивната манекенка – рекол Попов.

Ги бранела своите разголени слики
Сегментот завршил со музика и серија фотографии на Меланија со забелешка „Што навистина значи ‘моето тело, мојот избор’?“
Оваа реплика алудира на видеото што Меланија го објави на мрежата Х непосредно пред објавувањето на нејзината автобиографија, каде што исто така промовираше самодоверба и уметничко изразување, во суштина бранејќи ги своите разголени фотографии од младоста.


Фотографиите од нејзиниот период на манекенство и претходно предизвикаа жестоки реакции, особено за време на првата претседателска кампања на Трамп во 2016 година, кога магазинот GQ повторно објавил едиторијал во кој е младата и гола Меланија. Уредникот на GQ во тоа време, Дилан Џонс, открил дека добиваат бројни барања да ја фотографираат Меланија.

Трамп ги врамил
– Бевме бомбардирани со барања да ја фотографираме Меланија. „Бидејќи очигледно сакаше да биде во GQ, смисливме малку кич приказна за неа“, изјавил Џонс.
Тој, исто така, истакнал дека Доналд Трамп побарал да се испратат фотографиите во неговата канцеларија: „Ја врамивме насловната страница и неколку избрани фотографии и ги испративме веднаш штом можевме“.

Меланија Трамп ја започна својата манекенска кариера како тинејџерка, откако беше откриена од словенечки фотограф на 16 години, а набргу потоа потпишала договор со италијанска агенција. Во текот на деведесеттите години на минатиот век, таа работела во Париз, Милано и Њујорк, каде подоцна го запознала Доналд Трамп, со кого се омажила во 2005 година.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Mузејско-музички перформанс „Тоше во срцето на Хрватска“ во КИЦ во Загреб

Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб во неделата се одржа музејско-музичкиот перформанс „Тоше во срцето …