Кристиано Роналдо шести пат по ред во кариерата ја добил наградата Globe Soccer Awards за најдобар фудбалер на годината, а наградата ја презел на свеченоста која е одржана во Дубаи.
„Благодарам на моето семејство, мојата девојка, синот Кристиано, децата кои ме чекаат дома, агентот, роднините и на Португалија, пријателите, соиграчите од Јувентус и Португалија. Голема чест е да се биде тука и да се прими оваа неверојатна награда. Се надевам дека и наредната година ќе бидам тука и ќе ја добијам оваа награда, секако. Ви благодарам на сите и среќна Нова година“, рекол фудбалерот во таа пригода.
Но, дури и оваа година да не ја освоеше ласкавата титула, може да биде сигурен дека сите погледи биле усмерени во негов правец. Сепак, овој пат за тоа не би било заслужно неговото фудбалско умеење, туку неговата згодна девојка, Георгина Родригез.
Парот модно се ускладил, но главниот збор го водел восхитувачкиот тесен бел фустан со потписот на тунискиот дизајнер Али Кароу кому Георгина му е верна веќе подолго време, а го обожуваат и други славни дами.
Фустанот е украсен со сребрени перли и ја следи линијата на телото, а главен адут е опасно високиот прорез на ногата.
Тенкиот струк е истакнат со тенко каивче па Георгина се’ ускладила со бели модни додатоци, едноставни сандали и впечатлив, луксузен, накит.
На својот профил на Инстаграм се пофалила дека се чувствувала „како принцеза“, а обожавателите веднаш се согласиле со тој опис.