СКОРО две години по страшната несреќа што ја шокираше Австралија, Лејла и Дени Абдала чекаат бебе. Двојката загуби три деца во трагична сообраќајна несреќа. Сиена (8), Анџелина (12) и Ентони (13) го преминувале патот на пешачки премин во предградието на Сиднеј на 1. февруари 2020. година, кога во нив удрил автомобил управуван од пијан возач.
„Повторно се осмелуваме да сонуваме. Моите деца се молеа да имаат уште еден брат или сестра. Ова е нов живот, нов почеток за децата, тоа им даде нова цел“, открила 37-годишната Абдала за Australian Women’s Weekly, која пред оваа бременост имала и еден спонтан абортус и е мајка на уште три деца.
View this post on Instagram
„Најстарата ќерка Лиана ме инспирираше да продолжам да се обидувам. Таа сака да биде мајчинска фигура на новороденчето, а сè што сака за Божиќ е бебешка облека“, додала мајката.
Дени вели дека сè уште живеат во изолација, на пример не одат на забави на кои се пушта музика, но полека учат како да си дозволат повторно да бидат среќни.
View this post on Instagram
„Не сакаме да ги уништиме соништата на нашите деца. Сакаме тие да имаат исполнет живот. Тоа за нас значи ново бебе“, истакнува тој.