Згодната пејачка одлучила да си поигра со фантазијата на нејзините следбеници на Инстаграм.
Рита објавила фотографија на која позира без ниту малку шминка во базен, но не е тоа што на нејзините следбеници им паднало во очи. Имено, пејачката на фотографијата има нацртан бикини, односно филтер кој наликува на костум за капење.
„Го обожувам ова“, напишала Рита Ора под фотографијата која им се допаднала на 700 илјади луѓе. Она што нејзините обожаватели посебно ги воодушевило е големата можност пејачката да нема ништо на себе освен филтер бидејќи никаде нема видливи траги од бикини.
Нејзините колешки Bebe Rexha и Charli XCX порачале дека многу им се допаѓа фотографијата и дека е премногу згодна, а со нив се сложиле и обожавателите на Рита кои ја прогласиле за „најзгодна пејачка на светот“.