(ФОТО) РЕАКЦИИТЕ НЕ СТИВНУВААТ – Ова е Французинката која го „играше“ Исус на отворањето на Олимпијадата: „Јас сум дебела, Еврејка и квир лезбејка“

Организаторите на Олимпијадата во Париз им се извинија на католиците и другите христијани кои беа налутени од сцената на церемонијата на отворањето.
Сè уште не стивнуваат реакциите за настапот од Олимписките игри, на кои беше карикирала „Тајната вечера“ на Леонардо да Винчи.
Организаторите на Олимписките игри во Париз им се извинија на католиците и другите христијани кои беа налутени од сцената на церемонијата на отворањето.


Настапот во кој учествуваа членовите на групата Drag Race France, трансродовиот модел и голиот пејач во улогата на старогрчкиот бог на виното Дионис, наликуваше на библиската сцена на Исус Христос и неговите апостоли како ја делат последната вечера пред распнувањето.
Христос го „играше“ Барбара Бух, 43-годишна Французинка, позната по ЛГБТ активизмот и промовирањето на дебелината. Таа носеше круна во хало стил направена од кожа, дрво и кристали Сваровски.

– Здраво, јас се викам Барбара Бах. Јас сум љубовен активист, диџеј и продуцент со седиште во Париз. Целта ми е да ги обединам и зближувам луѓето, да споделуваме љубов преку музика за да танцуваме сите заедно и нашите срца да чукаат хармонично – напишала Бах на Инстаграм, а пренесува Daily Mail.

Барбара Бах активно учествува во борбата за правата на хомосексуалците, но и за прифаќање и промовирање на дебелината. Таа го снимила и краткиот филм Extra Large. Во 2020 година, таа позирала гола на насловната страница на францускиот културен магазин Telerama. На корицата пишувало – Зошто не прифаќаме дебели луѓе?
Во 2021 година, Француското здружение на ЛГБТИ новинари и ја додели наградата Out d’or 2021 (ЛГБТИ личност на годината). Својата диџејска кариера, наводно, ја започнала во Монпеље, каде што свирела во барови. Потоа во 2008 година се вратила во Париз и работела на места како што се Machine du Moulin Rouge и Rosa Bonheur.
– Јас сум дебела, Еврејка, квир лезбејка и навистина сум горда на сите мои идентитети. Сето тоа ме прави како личност – изјавила таа минатата година за време на едно интервју.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Препознајте ги – Дали сте создадени еден за друг? Овие знаци покажуваат дали сте компатибилни со партнерот!

Компатибилноста е еден од темелите на секоја успешна врска. Тоа се однесува на компатибилноста на …