СИТЕ 100.000 примероци од новиот број на францускиот магазин Playboy со министерката Марлен Скиапа на насловната беа продадени за три часа, изјави вчера директорот Кристоф Флорентин. Тој додаде дека се испечатени дополнителни 60.000 примероци.
Вообичаено, во Франција се продаваат околу 30.000 примероци од секое издание на Playboy.
Политичарката позираше во облека и на ниту една фотографија не беше гола, но списанието сепак беше распродадено, очигледно поради нејзиното „палаво“ интервју.
View this post on Instagram
Критика на сметка на министерката
Скиапа беше многу критикуван во Франција затоа што се согласила да се фотографира за Playboy. Веста дека администрацијата ќе ја има нејзината фотографија на насловната страница доаѓа додека француската влада се соочува со гневни демонстранти против пензиските реформи.
Министерката за социјална економија, Скиапа позира во бел фустан на фотографиите на Playboy и зборува за феминизмот и правата на жените.
Поранешната државна секретарка за родова еднаквост (2017-2020), Марлен Скиапа, во интервјуто го брани правото на жените „да бидат токму онакви какви што сакаат да бидат“.
„Доколку сакаат да се облекуваат како калуѓерки и никогаш да не ги запознаат мажите што ги сакаат, треба да бидат поддржани во тоа. Но и ако сакаат да позираат без облека во списание“, рекла таа, а во исто време открила дека е „горда затоа што пишувала еротска литература“.
„Дали политиката е ласцивна?
Во интервјуто таа одговара на прашања од типот: „Дали политиката е Playboy?“, „Дали чувството на моќ е задоволство? и „Дали се сметаш себеси за заводничка?”
Министерката задолжена за родова еднаквост Изабел Ром ја критикувала одлуката на нејзината колешка да даде интервју за Playboy.
„Се прашувам зошто избра списание кое е кондензат на сите сексистички стереотипи за промовирање на правата на жените? Па, тоа е културата на жената-објект“, рекла Рим.
Фото: Социјални мрежи