Брижит Макрон (72) многумина ја сметаат за модна икона, а сега вниманието го привлече со фотографии во костим за капење.
Јавноста нема често прилика да ја види првата дама на Франција во костим за капење, но овој пат папараците ја „фатиле“ додека се релаксира на јахта.
Многумина се на мислење дека Брижит изгледа одлично во осмата деценија, а нејзината витка линија измамува воздишки.
View this post on Instagram
Семејството Макрон вообичаено секоја година одмора на францускиот остров Фор де Брегансон, а тоа било случај и овој пат.
Да потсетам, Емануел и Брижит се венчале во 2007 година, по долга врска, која започнала во средното училиште на претседателот, каде Брижит била професорка.
Брижит тогаш била мажена, но подоцна се развела од првиот сопруг, со кој има три деца, за да може да се омажи за Емануел.
Фото: Принтскрин/Instagram