(ФОТО) Прстенот на Мирка Федерер, виден на Вимблдон, дел од накитот вреден 1.000.000 франци со кој ја честел Роџер!

Новинарот Ендрју Кастл ги разбранувал круговите блиски до Роџер федерер и неговата сопруга Мирка со изјавата дека прстенот кој го носела за време на финалето на Вимблдон, „не изгледа како скапоцен накит“ и тоа преку швајцарските медиуми.


На помош бил повикан златар, еден од највлијателните во Швајцарија, кој дал свое стручно мислење за вредноста на прстенот на Мирка.
„Прстенот е ексклузивен“, не остава дилема околу автентичноста на каменот на почетокот на разговорот Лазар Себлер, сопственик на една златара во Цирих.


„На прв поглед, би рекол дека станува збор за скапоцен камен, и тоа многу егзотичен. Големината е тешко да се процени бидејќи госпоѓа федерер не ја знам лично. Според моја проценка станува збор за дијамант од 7. карати, ако не и поголем. Карактеристиките на овие камења се екстремно голема чистота, можно е да станува збор и за чист дијамант! Пазарната цена на вакво парче накит е непроценлива“.


„Проценка е дека ваков дијамант вреди повеќе од половина милион франци (1 франк е 55,5 денари). Не би бил изненаден да вреди и цел милион. Во секој случај, станува збор за раритетно парче, дијамантите со таа чистота се многу ретки“, тврди Себлер.

Дијамантот на Мирка бил лесно да се забележи бидејќи често го изложувала на погледите на навивачите фаќајќи се за глава и лицето во екстремно возбудливиот дуел на нејзиниот сопруг со Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Траума и театар: Горан Стефановски“ од Мишел Павловски

На 29 ноември 2023 година, во Културно информативниот центар во Скопје со почеток во 10:00 …