СИЛВЕСТЕР СТАЛОНЕ не се откажува од легендарните ликови што ги создал, и откако скоро целосно исцрпи сè што може да се исцрпи филмски за легендарниот Роки, реши сè да пренесе на малите екрани.
Имено, актерот открил дека има намера да снима серија за младите денови на Роки Балбоа, а приказната треба да не врати во корените.
View this post on Instagram
Се разбира, знаеме повеќе или помалку сè за неговите почетоци затоа што, како што знаеме, тоа беше премиса на првиот филм.
Но, Сталоне веројатно има идеја. Дали тој ќе се врати во рингот или ќе ги следиме неговите скромни и небоксерски авантури? Како и да е, додека работи на серијата, го чекаме третиот дел од Creed да го режира разноврсниот и талентиран Мајкл Б. Џордан. Тој пак не го спомна Сталоне, што значи дека Роки нема да се врати.
View this post on Instagram
Во секој случај, Сталоне откри на Инстаграм дека во идеална ситуација, серијата ќе има десет епизоди и неколку сезони за да можеме добро да го запознаеме младиот Роки: „Замислете временска машина што може да не врати на почетокот на Роки. Филмски свет преполн со ликови кои гледачите ширум светот ги обожаваат скоро 50 години“.
Фото: Принтскрин/Instagram