(ФОТО) Принцот Хари наполнил 40 години! Сите мислат дека ова е неговиот ВИСТИНСКИ ТАТКО – сличноста е неверојатна, Дијана признала дека го сакала!

Принцот Хари наполнил 40 години – јубилејниот роденден го слави во новиот дом во Калифорнија, каде последните неколку години живее со сопругата Меган и децата, синот Арчи и ќерката Лилибет.
Принцот Хари е помладиот син на кралот Чарлс и покојната принцеза Дијана. Роден како Хенри Чарлс Алберт Дејвид на 15 септември 1984 година, тој е петти во редот за тронот по постариот брат Вилијам и неговите деца, Џорџ, Шарлот и Луис.


Во мемоарите „Резерва“, кои минатата година ја потресоа британската монархија и остатокот од светот, Хари открива дека неговиот татко прв го употребил зборот „резерва“. Кога имал околу дваесет години, дознал дека Чарлс еднаш и рекол на Дијана: „Ми дадовте наследник и резерва. Прекрасно. Ти го направи својот дел“.
Хари допрел уште една интригантна тема во својата автобиографија.


Принцезата Дијана имала неколку бурни афери, а најозборувана врска била со мајорот Џејмс Хјуит, пред се поради неверојатната сличност со нејзиниот помлад син.
Дали поранешниот офицер на кралската коњаница може да му биде вистински татко? Романсата траела од 1986 до 1991 година, а Хари е роден порано, во 1984 година, така што тоа е малку веројатно. Сепак, шушкањата не престануваат дури и децении подоцна.


„Кој знае дали сум ти вистински татко“
Хари во своите мемоари открива дека Чарлс често се шегувал на таа тема.
„Кој знае дали јас навистина сум принцот од Велс? Кој знае дали сум ти вистински татко?… Се смееше и се смееше, иако шегата не беше нималку смешна. Имаше гласини дека мојот вистински татко е Џејмс Хјуит. Едната причина беше неговата црвена коса, а другата беше садизмот, бидејќи на читателите на таблоидите им се допадна идејата дека татко ми всушност не е Чарлс. Веројатно тоа ги натерало да се чувствуваат подобро. Нема врска што мајка ми го запознала мајорот Хјуит долго откако се родив“, пишува Хари во книгата.

Како што пишуваат британските медиуми, Хари ќе го прослави својот 40-ти роденден со забава за семејството и пријателите во неговиот дом во Монтесито.
И покрај заладените односи, честитките не изостанаа ниту од кралското семејство. Вилијам и Кејт му ги испратија на Хари своите најдобри желби на нивните официјални профили на социјалните мрежи:

„На војводата од Сасекс му посакуваме среќен 40-ти роденден.

Одбегнатиот принц ужива во слободата и независноста што ги стекна откако се откажа од кралските должности. Далеку од институционалната рамка на монархијата, тој конечно може сам да одлучи за правец на својот живот и кариера.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната актерка Соња Михајлова

Соња Михајлова е родена на 14 октомври 1958 година во Битола. Таа е истакната македонска …