Принцот Хари и Меган Маркл вчера објавија две фотографии од крштевката на малечкиот Арчи…
Кралскиот пар одлучил крштевката да ја држи во тајност па имињата на кумовите и останатите детали околу церемонијата биле држани во тајност. Хари и Меган на својот службен профил на Инстаграм објавиле две слики – една семејна и една на која тие двајца го држат својот син.
Британските медиуми и обожаватели на кралското семејство на семејната фотографија веднаш забележале две лица кои до сега никогаш не сме ги виделе на кралските фотки. Покрај мајката на Меган, Чарлс, Камила, Кејт и Вилијам со среќните родители позирале и двете сестри на починатата принцеза Дијана, Лејди Џејн Фелоус и Лејди Сара МекКоркјудил.

Се чини дека Хари е многу близок со тетките, бидејќи први ги известил за раѓањето на синот и ги навел нивните имиња во официјалното соопштение за раѓањето на малечкиот Арчи.
За разлика од братот, Вилијам, не ги поканил тетките Џејн и Сара на семејно фотографирање за ниту едно од своите три деца, а нивните имиња не биле наведени ниту во официјалното соопштение за раѓањето на Џорџ, Шарлот и Луис.