(ФОТО) Пријателите и фановите се простуваат од Лук Пери:„Беше моја душа и радост…Ќе ми недостасуваш, но твоето наследство ќе се памти засекогаш. Почивај во љубов и мир“


Смртта на лук Пери многу ги погодила неговите колеги и пријатели кои не престануваат да се простуваат од легендарниот Дилан од „Беверли Хилс“.
„Беше моја душа и радост…Ќе ми недостасуваш, но твоето наследство ќе се памти засекогаш. Почивај во љубов и мир“, се простиле колегите од серијата „Ривердејл“ во која Пери глумел.


„Срцето ми е скршено. Толку многу ќе ми недостасуваш. Ти ја испраќам сета љубов на твоето семејство“, напишала во писмо глумицата Моли Рингланд.

„Уште сум во шок…Немам зборови, освен дека навистина беше вистински господин. По него ќе жалат сите кои го знаеа и милиони кои го сакаа“, напишала глумицата Кристин Елис.

„Ова е така тажно, така тажно“, напишала новинарката Кари Коуриц.

https://twitter.com/katiecouric/status/1102634013062283265

„Ќе ни недостасуваш“, „Не остави премногу рано“, „Беше мојот тин краш“, „Секогаш сакав да бидам Дилан, нио само еден е Дилан“, „Беше моја прва љубов, почивај во мир“…се простуваат и ожалостените обожаватели.

https://twitter.com/bahtokyo/status/1102637362377416704

„Пријателу мој те држам цврсти и ти давам сила. Сигурно ќе победиш“, напишала Шенон Доерти пред неколку дена. Фановите на култната серија се протистуваат од пери под оваа фотографија и никој не може да поверува дека повеќе го нема.

https://www.instagram.com/p/BubsonSB5ks/?utm_source=ig_embed

„Најдраг Лук, засекогаш ќе ги памтам прекрасните спомени кои ги делевме заедно последните 30. години“, напишал неговиот колега Иан Зеринг.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Во Лас Вегас – И’ покрај болеста, Селин Дион уживала на концертот на Coldplay: Ги воодушевила фановите со своето танцување и добро расположение

На концертот на Coldplay во Лас Вегас, Селин Дион ги засенила присутните со своите танцови …