(ФОТО) ПРЕТХОДНО ГО ОТСТРАНИЛА ПРЕЗИМЕТО – Ќерката на Бред и Анџелина преку весник се одрекла од својот татко

Ќерката на актерите Бред Пит (60) и Анџелина Џоли, Шајло Џоли-Пит, пред два месеци поднела барање за отстранување на „Пит“ од презимето, а сега отишла чекор понатаму. Сега тоа го направила и преку весник.
Шајло неодамна објавила во Los Angeles Times дека поднела барање да го промени своето име во едноставно „Шило Џоли“.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by New York Post (@nypost)


Според законот во Калифорнија, пред судијата да може да одобри барање за промена на името, тие мора да ги имаат правните обрасци објавени во весникот еден месец. По објавувањето, барањето ќе се појави во делот за правни известувања на весникот.
Втората ќерка на поранешните сопружници Вивиен тргна по нејзините стапки и одлучи дека не сака да има никаква врска со нејзиниот татко. На плакатот за претставата „Аутсајдери“ наместо Вивиен Џоли-Пит, како што се претставувала со години, било напишано Вивиен Џоли. Се уште не е познато дали таа официјално го променила презимето.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Пред неколку месеци нивната најстара ќерка Захара се претставила само со презимето на нејзината мајка, а нивниот син Медокс наводно не го користи презимето Пит во неофицијални документи.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

24.CINEDAYS отвора повик за пријавување на кратки филмови

24.CINEDAYS отвора повик за пријавување на кратки филмови кои ќе бидат прикажани во рамки на …