(ФОТО) Премиерот Заев на струмичкиот карневал:„Ова се мостовите за кои зборуваме и кои заеднички ги градиме“

Премиерот Зоран Заев беше гостин на Струмичкиот карневал. Тој н неговите профили на Фејсбук и Инстаграм објавил неколку фотографии од карневалот. На едната од нив е со група маскирани струмичани, ама тој самиот нема маска.

До пред некоја година и’ Заев се маскирал за карневалот и учествувал во поворката, но овој пат со маскираните струмичани се дружи облечен во класичен костум.


Заеднички ја одржуваме активна и жива оваа вековна традиција, гордост на струмичани, на градот Струмица и на Република Македонија. Оваа вечер, на карневалското дефиле поминаа над две илјади маскирани луѓе, учесници од Аруба, Германија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија и Албанија. И околу 50.000 посетители, наши граѓани и пријатели од регионот. Ова се пријателства што се шират и пренесуваат низ годините, ова се мостовите за кои зборуваме и кои заеднички ги градиме. Сите ние!

A post shared by Зоран Заев (@zoranzaev) on


„Заеднички ја одржуваме активна и жива оваа вековна традиција, гордост на струмичани, на градот Струмица и на Република Македонија.
Оваа вечер, на карневалското дефиле поминаа над две илјади маскирани луѓе, учесници од Аруба, Германија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија и Албанија. И околу 50.000 посетители, наши граѓани и пријатели од регионот.
Ова се пријателства што се шират и пренесуваат низ годините, ова се мостовите за кои зборуваме и кои заеднички ги градиме. Сите ние!“ напишал Заев под фотографиите.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во месецот посветен на јубилејни проекции на македонски филмови, вечерва во Кинотека ќе биде прикажан играниот филм „Големата Вода“

Вечерва, во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, во месецот на јубилејни проекции, …