Медицинската сестра за неонатологија, Лиса Мекгоуан od Њу Џерси со години се грижи за предвремено родените бебиња, а неодамна нејзината интересна приказна станала вирална, пренесуваат медиумите.
Новопечената мајка Рената Фрејдин ги разгледувале фотографиите на својот партнер Дејвид и на нив видела медицинска сестра која многу личеле на медицинската сестра, која моментно се грижи за нивниот син, Зејн Калдвел, родена десет недели порано.
David Caldwell and his nurse in 1986!
Gepostet von Renata Freydin am Samstag, 15. Februar 2020
„Минатата недела, тој ја пронајде својата ‘радосница’, бележник со сеќавања кога беше бебе. И додека разгледував низ неа, наидов на фотографија од него како бебе и жената што го држи. Знаев дека ја познавам оваа жена! Веднаш го прашав која е таа и тој ми потврди дека е медицинската сестра што се грижела за него за време на неговиот престој во неонатологија а неговата мајка толку многу ја сакала што сакала нивна заедничка фотографија на денот кога биле отпуштени од болницата. А причината зошто ми беше позната е дека можам да се заколнам дека тоа е истата сестра што се грижеше за нашето бебе последните три дена“.
Our Zayne and the same nurse now.
Gepostet von Renata Freydin am Samstag, 15. Februar 2020
Дејвид не ми веруваше. Ја донесовме фотографија во болницата каде трите сестри потврдија дека тоа е таа! На денот на вљубените, таа се врати на работа и се погрижи за нашето бебе, па моравме да ја направиме истата фотографија повторно! Изминатите две недели беа исполнети со загриженост и неизвесност, но сега можам да здивнам со олеснување знаејќи дека истата сестра која му помогна на човекот што го сакам кога беше во истата ситуација, се грижи и за моето бебе“, напишала мајката во објавата на Фејсбук.