(ФОТО) ПРЕДМЕТ СО КОЈ БИЛА ПОГРЕБАНА ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА има непроценлива вредност

Има многу потресни детали околу околностите на погребот на покојната принцеза Дијана, а најстрашно е она што конечно го натерало принцот Хари да се скрши и да плаче пред сите.
Кога беше објавено дека принцезата Дијана починала во болница по тешка сообраќајна несреќа во Париз, светот остана во шок.

Веројатно омилениот член на британското кралско семејство на сите времиња, која беше обожавана од цела планета, почина на 31 август 1997 година, а палатата ненадејно морала да организира погреб за млада и сакана жена што ќе го следи цел свет.


Смртта на Дијана го потресе кралското семејство до срж, и иако во тој момент таа веќе беше официјално разведена од денешниот крал Чарлс III, тогашен принц од Велс и престолонаследник, на лејди Ди ѝ беше дадено збогување достојно за кралица од Домот на Виндзор.
Меѓутоа, малку е познато дека – пред да биде ставен нејзиниот ковчег во гробницата – еден предмет и бил ставен во градите.


Како што напишал принцот Хари, помладиот син на принцезата Дијана во своите мемоари „Spare“, телото на неговата мајка најпрво беше положено во нејзиниот „апартман“ во палатата Кенсингтон. Додека се привршувале последните подготовки за погребот, некој помислил дека би било добро да се стави нешто во ковчегот со што принцезата засекогаш ќе почива.
– Познато е дека рацете на мајка ми беа преклопени над градите и дека меѓу нив беше ставена фотографија од мене и Вили. Веројатно единствените двајца мажи кои некогаш навистина ја сакале – напишал принцот Хари, војводата од Сасекс.


– Секако, двајца кои најмногу ја сакаа. До вечноста ќе и се насмевнуваме во темнината, а можеби таа сцена додека се симнуваше знамето и ковчегот беше спуштен во дното на дупката, конечно ме скрши – признал Хари.


Тој напишал дека тогаш „липал“ и дека му било срам што го „нарушува семејниот обичај“.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Јод“ – новиот роман од Снежана Младеновска Анѓелков наскоро во издание на Или-Или

Издавачка куќа Или-Или со радост го најавува излегувањето од печат на новиот роман од Снежана …