(ФОТО) ПРЕДЛОЗИ ШТО ДА НОСИТЕ – Ова се најголемите модни трендови летово: Една боја ја носат сите, ги освои модните писти и ТикТок

Меѓу модните трендови кои се издвојуваат за ова лето секако е путер-жолтата боја која доминира и на социјалните мрежи и на модните писти. Тука се и неизбежната бела облека, поло маичките, како и плетените парчиња.
Путер-жолтата боја ги освои модните писти во летните колекции, воедно и уличните стилски комбинации, а особено TikTok и содржините поврзани со модата на оваа социјална мрежа.
Оваа нијанса се наоѓа во средината на спектарот помеѓу беж и светло жолта, давајќи и свеж изглед кој може да се носи. Во споредба со посветлите нијанси, пригушената путер жолта е многу полесно да се спои со другите бои во вашата гардероба.

@thevolte Dreaming of Butter Yellow Dresses✨☺️ Which one is your fave? Xx #butteryellow #creatorsearchinsights #fashiontok #fashionaesthetics ♬ west coast lana del rey – whitelinesprettybabyy


Особено прилагодлива за оние кои не сакаат светли бои, путер жолтата е совршено неутрална.
Почнувајќи од колекцијата пролет/лето 2024 на Loewe, па сè до high street брендовите, опциите и парчињата што можете да ги најдете во оваа боја се разновидни.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Who What Wear (@whowhatwear)


Уште еден летен тренд, кој не ослабна со годините, секако е белата боја. Макси фустани, кратки топови, кратки панталони, долги ленени панталони, кратки фустани со исечоци на грбот – сето тоа можеше да го видите во бело на модните писти, а ќе остане на улиците и ова лето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lucy Kerr (@_lucykerr_)

Како што наведува магазинот „Vogue“, „ако Прада рече дека поло маицата е повторно ин, кои сме ние да не се согласуваме?“. Со Miu Miu како една од највлијателните модни ревии, поло маичките се „одобрени“ за ова лето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maja Malnar (@majamalnar)

Плетените парчињата, совршени за плажа, се уште една ставка на листата на најголемите трендови за ова лето, а дизајнерите имаа различни пристапи кон трендот – од мрежести фустани од Bottega Veneta и Proenza Schouler до ткаени чанти од Gabriela Hearst.
Заедно со фустаните и модните додатоци – балетанките со дупчиња во овој стил доминираат во колекциите за летото 2024 година.

Парчињата „Old money“ беа особено популарни во последната година, а со модните ревии на Zendaya, Miu Miu, па дури и регионалните брендови како што е брендот Bebe на српската инфлуенсерка Дуња Јованиќ – дуксери, маици, кратки шорцеви во стилот на серијата Gossip Girl се артикли „ин“ што можете да ги носите во текот на летните месеци во 2024 година.

Фoтo: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на филмот „Македонски дел од пеколот“ вечерва во КИЦ

Вечерва во Културно информативниот центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажан …