Познатиот супермодел Паулина Поризкова (57) неодамна јавно му одговори на пластичен хирург кој во објава на Инстаграм детално опишал се што е „погрешно“ со нејзиното лице.
Поризкова вели дека неговата изјава во меѓувреме е избришана.
„Ја најдов оваа фотографија, која претходно ја објавив овде, (и мислев дека изгледам одлично на неа), која естетскиот хирург ја реобјави на Инстаграм и детално опишуваше што треба да си направам“, ја започнала таа приказната на Инстаграм.
Можам да се ослободам од тие досадни вдлабнатини под образите со филери, можам да го поправам челото со ботокс, и брчките околу устата и неправилностите на вратот – сето тоа може да се затегне и измазне со ласери“, напишала Поризкова.
„Ми беше кажано дека моето лице треба да се ‘поправа’. Некако тргна „погрешно“ со стареењето. Дали е тогаш чудно што повеќето од нас кои имаме средства ќе прибегнеме кон некој третман за да го поправиме она што ни е кажано дека не е добро“, пишува People.
Таа објаснила дека никој не треба да и кажува на жената што треба да направи за да биде привлечна.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram