Лос Анџелес веќе два дена се бори со големи пожари
Серија шумски пожари опустошуваат делови од Јужна Калифорнија. Лос Анџелес два дена се бори со пожарот, а изгореле повеќе од 25.000 хектари, пишуваат странските медиуми.
Српската актерка Марија Каран, која со години живее и работи во Лос Анџелес, е евакуирана од Лос Анџелес. Таа се огласила на својот Инстаграм профил каде открила дека и е добро и дека се моли за сите засегнати.
– Добро сме и безбедно сме евакуирани. Молитви за сите засегнати – напишала Марија.
Зборувала и пејачката Марија Шерифовиќ, која има куќа во Лос Анџелес и во која често престојува и во која е роден нејзиниот син Марио.
Бројот на загинати во разорните пожари во Лос Анџелес се зголемил од два на пет, потврдиле локалните власти. Околу 1.000 објекти се уништени од пожарот, а се очекува таа бројка да се зголеми. Во моментов има пет пожари кои беснеат низ поширокото подрачје на Лос Анџелес, рекле од CALFire.
Фото: Монтажа/Instagram