(ФОТО) Повеќе луѓе би можеле да се соочат со обвиненија за смртта на Метју Пери: Истрагата е при крај

Актерот Метју Пери беше пронајден мртов во хидромасажна када во неговиот дом во Лос Анџелес во октомври 2023 година. Аутопсијата подоцна покажала дека тој починал од „акутно дејство на кетаминот“.
Оттогаш се води истрага за неговата смрт, а полициски извор сега изјавил дека неколку луѓе би можеле да бидат обвинети во врска со неговата смрт по неколку години борба со зависноста од алкохол и дрога што го довело до работ на смртта пред да побара помош за рехабилитација. пишува Metro.


– Извор од истражните органи за спроведување на законот вели дека истрагата за смртта на Метју Пери со кетамин е при крај и полицијата верува дека треба да бидат обвинети повеќе луѓе – пренесува People.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)


Во мај, беше објавено дека локалната полиција и федералните агенти се обидувале да идентификуваат каде актерот – кој поминал години во борба со зависноста од алкохол и дрога – ја купил дрогата.

Фoтo: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Ги изненадил патниците – Крис Мартин, пред да се качи во авион, клекнал и ја бакнал пистата: Ова го прави од 2005 година

Фронтменот на Coldplay, Крис Мартин, ги изненадил патниците откако клекнал и го бакнал асфалтот на …