(ФОТО) Потресни зборови на Шенон Доерти: Неколку месеци пред нејзината смрт, таа објаснила како сака да биде погребана

Познатата холивудска актерка Шенон Доерти, која ја паметиме како Бренда од „Беверли Хилс“, а подоцна и како Пру од серијата „Чарли“, почина во саботата, на 13 јули, на 53-годишна возраст по долга борба со ракот.
Неколку месеци пред нејзината смрт, Шенон открила како точно сакала да се постапува со нејзините останки. Актерката во својот подкаст „Да бидеме јасни“ во јануари изјавила дека сака нејзината пепел „да се измеша со пепелта на нејзиното куче и со пепелта на нејзиниот татко кога ќе дојде нејзиното време“.

– Направете микс од татко ми, мене и Боуви. Не сакам да бидам погребана. Сакам да ме кремираат.


Доерти, исто така, му дала на својот пријател и водител на епизодата, Крис Кортак, дозвола да носи дел од нејзината пепел околу вратот, како што направила со пепелта на нејзиниот татко по неговата смрт во 2010 година.


Доерти со години споделуваше детали од својот живот и борбата со тешката болест со своите обожаватели.

– Шенон Доерти беше посветена ќерка, сестра, тетка и пријателка, а почина опкружена со своите најблиски, вклучувајќи го и нејзиното куче Боуви. Семејството во овој момент бара приватност за да можат да тагуваат на мир – изјавила Лесли Слоун, портпаролката на актерката, за американскиот магазин „Пипл“.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во МНТ ќе биде изведена театарската претстава „Бог на колежот“

Вечерва на сцената на Македонскиот Народен Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе …