(ФОТО) Поради веродостојност за сцена од филм со Брус Вилис загинал пожарникар!

Цената на веродостојноста на филмска сцена на своја кожа ја почувствувал 37. годишниот пожарникар Мајкл Дејвидсон, кој за време на снимањето го загубил животот…

За време на снимањето на голем пожар загинал еден пожарникат, а двајца негови колеги се повредени на местото каде што се снима новиот филм „Motherless Brooklyn“ со Брус Вилис во главната улога.
Мајкл Дејвидсон (37), инаку татко на четири деца, бил еден од 175.те пожарникари ангажирани за гаснење на пожарот во зграда во Менхетн. Но, тој се издвоил од своите колеги, и откако пожарот бил изгаснат, бил пронајден со знаци на живот и префрлен во болница, каде подоцна починал.
Пожарот го забележал холивудската ѕвезда Едвард Нортон, кој глуми и е режисер на филмот. Во филмот се појавуваат Брус Вилис, Вилијам Дефо, Алек Болдвин, Анџелика Гилен и многу други познати глумци.
Пожарот во зградата бил изгаснат во 2:30 часот по локално време.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Нова надеж“ – мултимедијален настан на музичката платформа „Терапија“

„Нова надеж“ е наречен мултимедијалниот настан на музичката платформа „Терапија“ што ќе се одржи денес, …