Познатите турски актери и брачна двојка Бергузар Корел (40) и Халит Ергенч (52) се во брак од 2009 година, а нивната среќа ја комплетираа синовите Али и Хан и ќерката Лејла.
И’ покрај повремените гласини дека во нивниот брак има кавги, па дури и прељуба, парот не се занимава со озборувања и ужива во семејната хармонија, а малку е познато дека тие веќе не се само жители на Турција.
View this post on Instagram
Бергузар и Халит, имено, веќе извесно време живеат на релација Истанбул-Лондон. Имено, нивниот син Али е многу талентиран за музика, па неговите родители сакале да му го дадат најдоброто можно образование.
– Али е талентиран музичар и како родители мора да направиме се за да му помогнеме да ги оствари своите соништа – рекол еднаш неговиот татко.
Затоа Али Ергенч се школува во главниот град на Англија, а неговите родители купиле луксузна куќа во Лондон за да можат што почесто да бидат со него.
Тие избрале луксузен имот и полека и со љубов го реновирале, а турските медиуми пред околу една година објавија дека конечно е завршено реновирањето на новата куќа на Бергузар и Халит.
View this post on Instagram
Нивниот нов дом се наоѓа во лондонскиот кварт Нотинг Хил, а Бергузар еднаш истакнала дека во хороскоп е Девица и затоа сака секоја соба во која ќе влезе да ја направи во топла средина.
И, навистина, топлината е првата асоцијација со фотографиите од оваа куќа. Парот избрал стилски, но многу едноставен мебел, со жолти и зелени тонови. Цвеќе има на секој чекор, а внатрешноста зрачи со удобност. Станува збор за добро осветлена куќа со високи прозорци, а ѕидовите се бели во сите соби што ги покажалс актерката, исто како и полиците.
Детската соба во која ќе си игра Лејла, најмалото дете на оваа двојка била украсена со посебна грижа и љубов, а во секоја соба очигледно е дека актерите многу внимавале на деталите.
Иако нивниот дом е многу луксузен, не личи на студените и модерни куќи од списанијата на познатите личности, но сè зрачи со семејна атмосфера и покажува дека парот навистина живее како што тврдат, како и секој нормален свет, фокусиран на децата и нивниот мир.
Инаку, откако турските медиуми објавија дека ова семејство се преселило во Лондон, нивниот ПР демантираше.
– Не станува збор за преселба во Англија. Тие доаѓаат и си одат околу пет години – нагласил тој.
Фото: Принтскрин/Instagram