Анџелина Џоли има шест деца од бракот со Бред, а дури три од нив се посвоени. Таа во јавноста е позната како грижлива и посветена мајка и се труди да поминува квалитетно време со секој од нив.
Актерката пред неколку дена била фотографирана во шопинг со ќерката Захара (17) во Њујорк, а во таа прилика изгледала шик во долг црн капут во комбинација со сиви панталони и чизми на потпетици. Захара исто така била лежерно облечена и ја следела својата мајка во овој заеднички потфат.
Џоли и понатаму привлекува големо внимание каде и да се појави, а својата големина уште еднаш ја покажа кога и пришол бездомник, а таа срдечно го поздрави и му подаде рака.
Фото: celebsfirst