(ФОТО) Починал симпатичниот дедо Зоран кој преку ноќ станал хит на Инстаграм

Починал Зоран Станковиќ, симпатичниот дедо од Србија, кој стана хит на Инстаграм во 2019. година.
„По долга борба со меланом, Зоран Станковиќ почина на 29. јули. Ви благодарам на сите што ги направивте неговите последни две години од животот посебни и што бевте со него. Почивај во мир, драг тато”, објавила неговата ќерка на социјалните мрежи.


View this post on Instagram

A post shared by 𝑍𝑜𝑟𝑎𝑛 𝑆𝑡𝑎𝑛𝑘𝑜𝑣𝑖𝑐 (@zoran.stankovic.3950)


Потсетуваме, Зоран од Краљево, Србија, буквално стана хит на Инстаграм преку ноќ, каде што од 105 следбеници за само неколку дена стигна до 30.000 следбеници. „Имам профил од минатата година, ќерка ми го отвори чисто за приватна употреба“, открил Зоран во тоа време дека започнала неговата авантура на Инстаграм.
„За време на сликањето, не ни помислив дека за некого ќе биде интересно и дека некој воопшто ќе го следи, така што моите слики беа објавени без да размислувам за тоа“, признач тој, додавајќи дека неговата ненадејна популарност го изненадила.


„Јас сум прилично изненаден. И се надевам дека се’ ќе остане во нормални граници. Во оваа прилика, им благодарам на луѓето што ме следат и за кои сум воопшто интересен”, рекол скромно тогаш.
Зоран објавуваше свои селфија секој ден, под кои во описот ќе ги ставаше само датумот кога се направени и локацијата која во повеќето случаи беше Краљево. Тој привлече илјадници следбеници откако неговиот профил се појави на некои популарни профили на Фејсбук и Твитер.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) И излегло „мозолче“ се испоставило дека е РАК! Упорно ги игнорирала овие симптоми

„СЕКОГАШ сум била внимателна на сонце. Но, неколку лоши изгореници од моите тинејџерски денови беа …