(ФОТО) Планинар бил спасен од неговото куче –  со своето тело го греел и чувал цели 13 часа

Хрватската планинска спасувачка служба (ХГСС) успешно ја завршила една од најтешките спасувачки операции на планинар кој се нашол на крајно непристапниот терен на највисокиот врв на Велебит, Вагански врв.
ХГСС на својата Фејсбук страница го објави продолжението на приказната за планинарот што го спасиле од Велебит.


„Пријателството и љубовта меѓу човекот и кучето не познаваат граници. Поради сплет на несреќни околности вчера попладне заедно се лизнале по падината. Заедно во среќни и тешки моменти таков е животот. Норт поминал без повреди, но неговиот пријател, млад планинар, немал толку среќа. Се свитка до него и го топлел со телото. Неговата лојалност не заврши со доаѓањето на спасувачите, тој беше еден од нас кој го чуваше неговиот човек цели 13 часа. Од овој пример, сите можеме да научиме како да се грижиме еден за друг“, напишале на страницата.

Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот сликар Јован Шумковски

Јован Шумковски е роден на 18 јануари 1962 година во Скопје. Тој е македонски сликар …