(ФОТО) Партнерката на Винсент Касел, Нара Баптиста, објави дека е бремена: „Мама те чека“

Девојката на познатиот француски актер Винсент Касел (57), Нара Баптиста денеска преку својот Инстаграм профил ја сподели веста за бременоста.
Оваа 27-годишна бразилска манекенка објави три фотографии на кои позира покрај скалите во долг црн фустан, каде што се истакнува нејзиниот труднички стомак. Во описот на објавата напишала дека ќе стане мајка, а многубројните следбеници и честитале на среќната вест.
„Мама те чека“, напиша Баптиста, која неодамна ги поттикна гласините за бременост кога се појави во широка облека на една церемонија.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by N A R A H (@narahbaptista)


Инаку, Касел и неговата 30 години помлада девојка Нара Баптиста неодамна ја прославија првата годишнина од нивната врска, а по тој повод Нара на својот Инстаграм профил објави серија заеднички разголени фотографии.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by N A R A H (@narahbaptista)

Гласините за врската беа подгреани минатата година, кога беа фотографирани на заеднички одмор во Рио де Жанеиро. Освен големата разлика во години, парот го привлече вниманието на јавноста затоа што Нара многумина потсети на поранешната сопруга на Винсент, Тина Кунаки, со која ја има ќерката Амазонија. Покрај тоа, Касел беше во брак и со Моника Белучи, со која има две ќерки Дева и Леони.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комеморација во чест на оперската првенка Ирена Кавкалевска (1973-2024)

Денес, со почеток во 10:30 часот на големата сцена во Националната Опера и Балет, ќе …