(ФОТО) Партнерката на Роналдо тврди: „Нашите деца во Саудиска Арабија ги тепаат“

Кристијано Роналдо и неговото семејство неодамна се преселиле во Саудиска Арабија, а партнерката на фудбалерот, Георгина Родригез, во интервју за шпански „Телемундо“ открила нови детали и се пожалила дека нивните деца искусиле физичко насилство на училиште.
„Има моменти на училиште кога децата ги удираат а тие не се бранат“, рекла Георгина и потоа ја опишала ситуацијата.


„Пред некој ден дојде едно дете дома и почна да плаче, прашав што се случи и добив одговор: Ме удри дете. Му реков: ‘Зарем не знаеш да се браниш?’“, изјавила таа.
Георгина и Роналдо живеат по новите правила веќе еден месец, но манекенката неодамна го прекрши кодексот на облекување на вечера со својот вереник, појавувајќи се во кратко здолниште, поради што и се заканува парична казна.

View this post on Instagram

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)



Имено, шеријатот владее во Саудиска Арабија и жените се обврзани да го покриваат целото тело. Кодексот на облекување наложува „скромност и пристојност“, затоа не смее да се носи тесна, но и проѕирна облека.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Претставата „Земја на штркови“ вечерва во МКЦ

Вечерва во Младинскиот Културен Центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена …