(ФОТО) Партнерката на Роналдо со ова „купила“ погледи на ЕП: Убавата Џорџина сподели серија фотографии

Џорџина Родригез деновите ги минува во Минхен на Европското фудбалско првенство каде со сето срце го поддржува својот партнер Кристијано Роналдо.
Во неодамнешната објава на Инстаграм, Џорџина сподели неколку фотографии, а главниот фокус е на нејзиниот партнер кој го води својот тим до победа.
Во објавата се појавија различни фотографии и видеа од неа, Роналдо и нивниот најстар син Кристијан Џуниор Роналдо.
Џорџина при пристигнувањето на стадионот посветила многу внимание на својот изглед, па на секоја фотографија носи комбинации на облека кои секако привлекоа внимание.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)


Да потсетиме, Роналдо има 39 години и почна да зборува за повлекување од светот на фудбалот. Во неодамнешното интервју за SporTV, тој изјави дека ужива во фудбалот, но е свесен за отчукувањата на часовникот.
– Знам дека немам многу години со фудбалот. И како што велат во Шпанија, секоја година што можам да играм е подарок. Играњето после 35 или 36 е веќе подарок. Сега имам 39 години и се трудам да уживам.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Едноставно и вкусно – Десерт без печење: Подгответе го тигар колачот за само 15 минути

Доколку сакате колачи, но немате време за рецепти кои бараат долга подготовка и печење, овој …