Хозе Ролон пораснал сонувајќи еден ден да има деца. Но, 44-годишникот никогаш не верувал дека неговата желба ќе се оствари. „Јас пораснав во мачо домаќинство каде што татко ми ми викаше дека морам да одам како човек, а не како педер“, се присетува Ролон во интервју за „Today“.
Како што вели, ако некој тогаш му кажеше дека ќе го има своето семејство, немаше да му верува. Ова е токму една од причините зошто Ролон, планер за венчавки во Њујорк, започнал да објавува снимки од животот со неговиот 7-годишен син Ејвери и 6-годишните близначки Лила и Лондон на ТикТок.
Иако стана популарен на социјалните мрежи благодарение на смислата за хумор, неговиот живот беше обележан со трагедија. Имено, во 2013. година, сопругот на Ролон, Тим Мерел починал во сон. Во тоа време, Ејвери бил новороденче, а сурогат мајката била во 11-та недела од бременоста со ќерките Лила и Лондон. Ролон стравувал дека нема да може да воспитува три деца без поддршка од неговиот партнер.
“Мојот сопруг и јас бевме одлична екипа. Не можев да замислам да го сторам тоа без него”, признал Ролон. “Но, кога се разбудив тој ден, кога беше погребот на Тим, помислив:’Ејвори го изгуби само татко му. Што би било ако и мене нешто ми се случи?’. Не сакав да го оставам сам на овој свет. Знаев што треба да направам“.
Веста дека нивното семејство ќе стане побогато од два члена била објавена на погребот, додека тој го одржуваше погребниот говор на неговиот сопруга во црква пред 400 луѓе.
“Тоа беше мојот повик за љубов и молитви. И тие ме поддржуваат оттогаш. Навистина треба цело село за одгледување на децата”, рекол Ролон.