(ФОТО) Овие СВЕТСКИ ЅВЕЗДИ слават Велигден по православни обичаи: Некои ја смениле вера поради своите предци, други поради љубов…


Многу светски ѕвезди чии имиња звучат како Холивуд имаат сосема различно потекло. Немојте да се чудите ако Џенифер Анистон каже нешто на грчки или Рита Вилсон зборува бугарски… А кланот Кардашијан ги зачувал ерменските обичаи на своите предци. Двата празници вчера се поклопија, а во оваа приказна ќе дознаеме кој ќе го слави Велигден според православните обичаи.
Сите сте ја гледале „Мојата голема дебела православна свадба“ и веројатно се сеќавате на урнебесната сцена кога Тула го учи Итан, нејзиниот иден сопруг, како да се честита Велигден во Грција. Дури и кутриот, иако вегетаријанец, морал да јаде од јагнешкото што го подготвила симпатичната тетка Вула…
Сценариото го напишал Ниа Вардалос, холивудска ѕвезда со грчко потекло, а една од најгледаните комедии на сите времиња ја потпишува продукциската куќа основана од Рита Вилсон, актерка со грчко-бугарско потекло и Том Хенкс, кој поради својата љубов преминал во православие.
Двократниот оскаровец и неговата сопруга редовно присуствуваат на литургии во грчката православна црква Света Софија во Лос Анџелес. Таму биле забележани и пред неколку дена, кога почнале богослужбите по повод најважниот христијански празник. Том често учествува во свечените поворки за Велики петок, кога ја изнесува плаштеницата со другите верници.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Greek City Times (@greekcitytimes)


Во една прилика открил дека пред бракот со Рита бил „верски еретик“, а дури со неа сфатил што всушност значи да се верува. Рита е родена во Лос Анџелес, под вистинското име Маргарита Ибрахимова. Нејзината мајка е Гркинка од Албанија, а нејзиниот татко е Бугарин, Хасан Ибрахимоф, кој ја променил својата вера по бракот и станал православен христијанин.


Ниа Вардалос е голем верник и ги почитува сите обичаи. Грчки корени имаат и Били Зејн, Зак Галифианакис, Тина Феј, Џон Стамос, Марија Менонос, Мелина Канакардес… На фестивалите организирани од грчката заедница често учествуваат и познатите актери. А за Велигден, знаете – бојадисување јајца и чукање се задолжителни!

Џенифер Анистон, најпопуларната холивудска Гркинка, дел од своето детство го поминала во Атина и Крит. Нејзиниот татко бил познатиот актер Џон Анистон (Анастасакис), а таа била крстена во грчка православна црква. Сепак, таа едвај го знае јазикот, освен некои од најосновните зборови и, се разбира, познатата „малака“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Меѓу најпознатите православни христијани во светот е и Ким Кардашијан. Самото презиме открива дека таа има ерменско потекло, според нејзиниот татко, угледниот адвокат Роберт Кардашијан. Неколку пати престојувала во земјата од која влече корени, ги носела и децата да ги запознае со локалните обичаи, а при една посета заедно со нив се крстила во црквата Пресвета Богородица во Вагаршапат.
Актерот Џејмс Белуши, чие семејство потекнува од Албанија, исто така е православен христијанин. Православните обичаи за Велигден ги почитуваат и бугарската актерка Нина Добрев, Стана Катиќ, легендарниот тенисер Пит Сампрас…
Дејв Ган, водачот на ултра популарната англиска група „Депеш мод“, преминал во православие во 1999 година, кога во грчката црква го кажал судбоносното „да“ на Џенифер Склиас, актерка и сценарист со грчко потекло.

Православните празници ги слави и „оскаровецот“ Кристијан Бејл. Од 2000 година е во брак со Сандра Сиби Блажиќ, родена во Чикаго, но нејзините родители Сободан и Надежда се родени во Белград. Тие се венчале во Врачар пред да заминат за Америка.
Кристијан и Сиби, поранешна манекенка и каскадерка, се запознале во 1990-тите кога работела како помошничка на Винона Рајдер.
Мила Јововиќ е родена во Украина, мајка и е Русинка, а татко и Србин. Одлично го зборува рускиот јазик, што можело да се види кога гостувала во некои емисии, а на Инстаграм често објавувала како се одвива процесот на вапсување на велигденските јајца, во што и помагаат ќерките, нејзините мали копии. Во една објава покажала и како изгледа чукањето со јајца. Децата биле воодушевени, но и бројните следбеници на убавата актерка, особено од овие простори.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонско – грчки поетски координати

Во рамките на манифестацијата „Денови на поезијата“, во Скопје Сити Мол, денес, со почеток во …