(ФОТО) Овде луѓето доаѓаат да се смрзнуваат за три илјади евра


„Isstolpsittning“ или седење на мраз е натпреварувачка активност во шведскиот град Вилхелмина.
Во таа европска земја во февруари секоја година како дел од настанот Вилхелмина се организира зимски викенд. Добро облечените натпреварувачи се качуваат на скала до ледениот трон висок околу два и пол метри и седат на него до 51 час за да победат. На секои неколку часа им е дозволено да се спуштат по околу 10 минути и да го користат тоалетот.

Не само што треба да издржат ниски температури, за време на предизвикувачката задача, која може да се спушти до -20 степени Целзиусови во февруари во Шведска, туку не им е дозволено да поминуваат време и гледајќи во телефони и слични електронски уреди.



Isstolpsittning е физички и ментален предизвик за телото и духот. Најтешкиот дел од натпреварот е кога ќе падне ноќта и кога ќе почнат да се затвораат очните капаци на натпреварувачите. Оние кои сакаат да победат се трудат да не заспијат за случајно да не се лизнат од ледениот трон и да не се дисквалификуваат од натпреварот. Победник е оној кој ќе остане да седи на ледениот трон по истекот на 51-от час и ќе освои 35.000 шведски круни или околу 3.145 евра.


Моментално бараат заинтересирани за овогодинешниот натпревар.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Деца на светот“ – Тажна Комедија која ја обработува емотивната тема за децата кои заминале во светот и нема да се вратат никогаш

Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во Театарот „Антон Панов“ во Струмица, премиерно ќе биде …