(ФОТО) Овации за Дино Имери и оркестарот на Македонската филхармонија


Со овации и долги аплаузи беа поздравени македонскиот истакнат пијанист Дино Имери, оркестарот и маестро Борјан Цанев, по синоќешниот концерт со кој свечено почна новата концертна сезона на Македонската филхармонија.

„Нов почеток“ беше насловот на концертот на кој прозвучеа еден од најпознатите концерти за пијано, Концертот во бе-мол од Петар Илич Чајковски, во кој солистот Дино Имери ја изрази својата виртуозност, како и симфониската поема „Римски фонтани“ од Оторино Респиги и „Ѓаволштините на Тил Ојленшпигел“ оп. 28 од Рихард Штраус.
Директорот на Македонската филхармонија, Виктор Илиески, ја поздрави многубројната публика со зборовите: „Ви ветуваме незаборавни ѕвездени мигови од традицијата на светските и македонските композиторски пера, па се до современите нотни записи. Од концерти во изведба на комплетниот филхармониски состав во оваа голема сала, до мини средби со нашите инструменталисти на малата камерна сцена.


Ви ветуваме големи, славни имиња кои ќе блескаат на сцената, и кои ќебидат уште една потврда на реномето на нашиот оркестар, но и дружење со млади талентирани надежи кои најавуваат широк уметнички спектар. Сигурен сум дека секое катче во новиот Дом, ќе биде омилен простор за нови дострели на македонските репродуктивни уметници, но и нов предизвик за вас почитувана публико.Тоа е патеката што Ви ја ветуваме, и воедно Ве покануваме да уживате во звуците на македонските филхармоничари вечерва, но во целата наша концертна сезона.“


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечер посветена на Коле Манев во Кинотека на Македонија

Кинотека на Македонија утревечер ќе биде местото каде што љубителите на филмската уметност ќе имаат …