Додека нијансите на расипана вишна се секако симбол на есента, оваа година се чини дека тоа е подигнато на ново ниво. Од модните брендови кои нудат облека, обувки и модни додатоци во нијанси на бордо – оваа боја ќе ја видите насекаде.
Дека е апсолутен хит оваа есен потврдуваат и брендовите како Saint Laurent и Gucci, а оваа богата, длабока нијанса ги освојува модните писти и орманите ширум светот.
Оваа боја стана синоним за софистицираност и силно изразува елеганција, моќ и луксуз. Дизајнерите како Сен Лоран, Ферагамо и Том Форд создадоа впечатливи комбинации со бордо нијанси на нивните модни ревии во 2024 година што ги воодушевија модните критичари и влијателни лица.
View this post on Instagram
По неколку сезони на светли и блескави нијанси на црвено кои доминираа на модните писти, оваа година преминуваме во позрела, софистицирана верзија – „burgundy“ нијанса.
Црвеното преминува од светла во побогата, подлабока палета, како одраз на есенската транзиција кон поладни нијанси. Оваа боја е идеална за монохроматски изглед бидејќи зрачи со луксуз.
View this post on Instagram
Целата облека во оваа боја е уште една популарна опција, а во овие тонови можете да најдете фустани, палта, па дури и кожни парчиња. Особено популарни се кожените јакни во бордо нијанси.
Ако сакате да ја комбинирате и ускладите, бордото е разноврсна боја и совршено се комбинира со безвременски класици како што се беж, крем бела, темно сина, темно сива, па дури и маслинесто зелена.
View this post on Instagram
Том Форд ја комбинираше со богати златни додатоци, што дава луксузен шмек на целиот аутфит. Доколку барате инспирација – доволно е да ги отворите социјалните мрежи, особено Инстаграм, каде оваа боја ги освои аутфитите на дамите ширум светот.
Исто така, покрај облеката – се чини дека оваа есен бордото е најпопуларна боја во козметичките салони, а ќе ја забележите и на ноктите на многу жени.
Фото: Принтскрин/Instagram