Ѕвездата на филмот „Господар на прстените“, Орландо Блум, на Инстаграм сподели фотографија на која носи протеза за грб и ја раскажал застрашувачката приказна за тоа како за влакно ја избегнал смртта и трајната парализа.
„Ова сум јас, во 1998 година, околу три месеци откако паднав од третиот кат и ја скршив кичмата. Со неопислива сила на волјата успеав повторно да застанам на нозе и сега да живеам ‘на работ’, но многу побезбедно“, напишал Орландо (44), татко на две деца.
View this post on Instagram
Страшната несреќа се случила кога Орландо со пријателите се качувал на терасата на покривот и паднал од третиот кат откако пукнала одводната цевка на која се потприрал.
Свршеницата на холивудската ѕвезда, пејачката Кети Пери, го поддржала нејзиниот иден сопруг и напишала „Те сакам“ во коментарите под објавата на Орландо, додека поранешната сопруга на Орландо, Миранда Кер додала „Толку сум горда на тебе“, додавајќи срце на крајот од нејзиниот коментар.
View this post on Instagram
Инаку, Орладно претходно зборуваше за несреќата што го снашла.
„Дотогаш мислев дека сум непобедлив, но по падот бев целосно уништен и физички и психички. Со денови се соочував со можноста засекогаш да останам во инвалидската количка. Тоа ме промени во секоја смисла. Сега на животот гледам со сосема други очи“.
Фото: Принтскрин/Instagram