Многу пејачи кои денес се многу успешни на сцената поминале низ музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, благодарение токму на „Гранд“.
Гледачите можеа да видат различни ситуации во оваа емисија, а некои учесници беа и дисквалификувани од натпреварот. Но, имаше и такви кои доброволно ги напуштија „Ѕвездите на Гранд“.
Саша Поповиќ еднаш открил дека пред неколку месеци натпреварувачката Абида Милкуниќ го напуштила натпреварот без никакво објаснување.
Како што изјавил Поповиќ, тоа досега не се случило на натпреварување, а со овој потег ги загубила сите права да продолжи да се натпреварува.
– Заврши уште еден бараж и да видиме кој ќе продолжи понатаму по баражот. Имаме само еден случај, кој досега не се случил во „Ѕвездите на Гранд“. Една натпреварувачка го напушти натпреварот, си замина, го напушти натпреварот. Таа не објасни ниту зошто. Абида Милкуниќ. Така, таа никогаш повеќе нема да може да се натпреварува – рекол Поповиќ.
После тоа таа не се огласика, меѓутоа, активна е на социјалните мрежи каде ги објавува своите фотографии, а често може да се види како пее на приватни прослави и во кафеани, па јасно е дека целосно не го „закачила микрофонот на клинец“.
Фото: Принтскрин/YouTube