(ФОТО) ОТМЕНА ДАМА ВЕРУВА ВО СЕБЕ НО НИКОГАШ НЕ ГИ ПОНИЖУВА ДРУГИТЕ: Еве што ја правело Грејс Кели женствена и елегантна во секое време


Грејс би советувала: не ја менуваш својата суштина за да бидеш прифатен. Класичноста доаѓа од автентичноста, а не од желбата да им се угоди на сите

1. Дискрецијата е злато
Отмената дама не ги открива своите интимни приказни или туѓи тајни. Грејс Кели знаела дека вистинската елеганција е често тивка – она ​​што не е кажано понекогаш зборува погласно од зборовите.


2. Стилот е едноставност со доза на луксуз
Грејс верувала дека вистинската дама носи едноставни кроеви, неутрални тонови и дискретни детали. Не станува збор за луксуз, туку за стил кој зрачи со самодоверба и префинетост.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Grace Kelly Grimaldi (@alwaysgracekelly)


3. Однесувањето ја одразува внатрешната сила
Достоинство во однесувањето, нежност во гласот и смирено однесување беа особини што Грејс ги негувала. Отмената дама никогаш не покажува нервоза пред другите.

4. Интелигенцијата е најдобриот додаток
Освен по својата убавина, Грејс беше позната по бистрината на умот. Вистинската дама не само што се издвојува со своето образование, туку знае и како да води разговор со духовитост и мудрост.

5. Добрината е суштина на елеганцијата
Грејс знаела дека вистинската елеганција не е во фустаните или титулите – туку во способноста да се покаже љубезност, сочувство и почит кон сите, без оглед на статусот.

6. Самодоверба без ароганција
Отмената дама верува во себе, но никогаш не чувствува потреба да ги омаловажува другите. Грејс Кели со својата тивка сигурност поучувала дека вистинската сила е во мирот, а не во натпреварувањето.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Одбележале децении – Евровизискиот натпревар се ближи, а еуфоријата никогаш не е помала: Се сеќавате ли на најголемите хитови што ја освоија Европа?

Почнувајќи со хитот „My Number One“ преку изведувачи како Сакис Рувас или Руслана – Евровизискиот …