(ФОТО) Откриени нови детали од истрагата за смртта на актерот Метју Пери: На позната личност и биле одземени мобилниот телефон и лаптопот

Актерот Метју Пери, славниот Чендлер од хит серијата „Пријатели“ беше пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес минатиот октомври.
Пред еден месец беше објавено дека полицијата во Лос Анџелес и американската Управа за борба против наркотици (ДЕА) покренале истрага за смртта на актерот Метју Пери, кој, според полициски извори, починал пред половина година од последиците на анестетикот кетамин кој го добил на рецепт.
Сега американскиот таблоид In Touch објавил дека полицијата побарала од неименувана славна личност да им ги предаде лаптопот и мобилниот телефон.

На 19 јуни, неименуваната жена била однесена на повеќе полициски интервјуа откако полицијата во Лос Анџелес постигнала „значаен напредок во истрагата што започнала во мај“, изјавил извор за In Touch. Полицијата со налог за претрес отишла во резиденцијата на мистериозната жена, но таа не била присутна. Кога се вратила, не одбила да соработува.


– Полицијата наводно однела телефон и лаптоп – рекол упатениот, додавајќи дека жената „предала се“.


Изворот тврди дека актерот ја запознал оваа личност на рехабилитација, каде што започнале неочекувано пријателство и додале дека таа на истрагата и рекла дека „тоа нема никаква врска со неговата ненадејна смрт“.
– Ангажирала адвокат и имала неколку состаноци со полицијата откако пристигнале во нејзината куќа со налог за претрес. Таа е шкрта со информации околу ситуацијата – изјавил неименуваниот извор.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …