Во умреницата како конкретни причини за смртта се наведени запирање на срцето, проблеми со дишење, септихемија и Ешерихиа коли.
Таткото на Плејбој, Хју Хефнер, починал од затајување на срцето откако се заразил со агресивен вид на Ешерихиа коли, кој била отпорна на лекови со кои го лекувале. Умреницата на 91. годишниот Хефнер во вторникот ја објавил „The Blast“, помалку од една недела откако умрел.
Во умреницата како конкретни причини за смртта се наведени запирање на срцето, проблеми со дишење, септихемија и Ешерихиа коли.Одделот за јавно здравство во Лос Ангелес не успеал да утврди како Хефнер се заразил со смртоносната бактерија.
Хју Хефнер починал на 27. септември во вилата на Плејбој во Беверли Хилс, окружен со членовите на семејството, а погребан е на 2. октомври, исто така во кругот на семејството.
Од двата брака Хефнер има четири деца, а во моментот на смртта бил женет со зајачицата Кристал Харис. Погребан е покрај Мерилин Монро, на гробиштата во Лос Ангелес. Монро била на насловната на првото издание на Плејбој кое Хефнер го објавил во 1953. година. Пред смртта купил гробница покрај нејзината а ја платил 75.000 долари.
Медиумите пишувале дека Хефнер се разболел пред две години, а со месеци, пред смртта, не можел да стане од кревет.Последните години ги проретчил појавувањата во јавност, а во мај 2016. година е снимен како оди со помош на одалка.
Иако се зборувало дека нема ништо да и остави, 60. години помладата вдовица на Хју Хефнер, Кристал Харис, сепак не останала со празни раце. Хју на последната сопруга и ја оставил седум милиони долари вредната вила која и ја купил во 2013. година за износ од пет милиони долари. Вилата која ја наследила имала четири спални соби, „walk in” шифонер, пет бањи, маса за покер и голем базен. Хју ја купил за нешто помалку од пет милиони долари, но сега вредноста се зголемила.
Најмладиот син на починатиот Хефнер, Купер Хефнер, моментално креативен директор на Плејбој е наследник на својот татко на чело на Playboy Enterprise. 26. годишникот би требало да наследи милиони, бидејќи вкупното богатство на Хефнер се проценува на 43. милиони долари, а наследници би требало да бидат неговите четири деца, филмското школо на Универзитетот Јужна Каролина и разни добротворни установи.

(ФОТО) Откриена причината за смртта на Хју Хефнер: Две години го лекувале со погрешни лекови
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.