(ФОТО) Оливер Драгојевиќ прв пат проговорил за состојбата по хемотерапијата и плановите…

По бројните дезинформации околу здравствената состојба на популарниот пејач, Оливер Драгојевиќ,и неговото враќање дома за божиќните празници конечно се огласил и популарниот регионален изведувач…
Тој инаку во моментов се наоѓа во својот дом во Сплит заедно со семејството, а во болница оди само на терапија.
Балканската музичка легенда Оливер Драгојевиќ веќе некое време заздравува од ракот на белите дробови, а по хемотерапијата за прв пат се огласи во јавноста.
„Добро сум, фала на прашањето. Би се вратил јас веднаш на сцената, но не можам се уште. Во прашање е лекувањето кое се уште трае. Здравјето ми е добро. Подобро отколку претходно, се бориме“, вели Драгојевиќ.

Тој  во моментов се наоѓа во својот дом во Сплит заедно со семејството, а во болница оди само на терапија.
Инаку неговата сопруга Весна неодамна се огласи и кажа дека тој завршил со хемотерапијата, а со тоа и се намалил туморот.
„Убаво е малку да одиш покрај морето и покрај тоа што сум ограничен со движењето. Морам малку време да поминам покрај морето. Едноставно морам, тоа е дел од мене“, вели пејачот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Холестеролот не скока од сланината и јајцата, туку од овие 2 работи што секој ги консумира редовно: ГО УНИШТУВААТ ЦРНИОТ ДРОБ и таложат масти

Холестеролот и замастен црн дроб се вообичаени здравствени проблеми денес. Сепак, колку и да зборуваме …